08 јуни 2023

Ученици од ОУ „Климент Охридски“ во посета на ПС Чаир


Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Чаир денеска (08.06.) беа домаќини на ученици од основното општинско училиште „Климент Охридски“ од Скопје.
Во рамки на посетата на полициската станица учениците имаа можност пред се да се запознаат со професијата полицаец, со нејзиното значење и улога во поглед на безбедноста на граѓаните и нивните материјални добра, и секако во интерес на сигурноста и заштитата на децата, особено во сообраќајот.
Притоа, учениците беа запознати и со дел од материјално техничките средства за работа на полициските службеници како што се уредите за радио врска, стоп палките, флуоросцентен заштитен и панцирен елек, службената легитимација, како и презентација на моторните возила.