08 јуни 2023

Велосипедска патрола на подрачје на ЕВР Центар и Бит Пазар за поголема безбедност

На подрачјето во надлежност на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар, поточно Полициската станица од општа надлежност Центар во Скопје и оваа година работат полициски службеници на велосипеди, кои што извршуваат работни задачи на подрачјето на оваа организациона единица при СВР Скопје.
Униформираните полициски службеници извршуваат работни задачи во превентивното полициско работење, но и во делот на одржување на јавниот ред и мир, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, како и санкционирање на сторителите и тоа во Градскиот парк, кејот на реката Вардар, плоштад Македонија, како и во други делови од централното градско подрачје. Вакви патроли веќе функционираат во повеќе градови и евидентни се позитивните ефекти по нивното воведување.