08 јуни 2023

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај


Во текот на вчерашниот ден (07.06.) од страна на Oтсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Неготино беше реализирана превентивна сообраќајна активност на темата „Безбедно управување со мотоцикл“.
Сообраќајно-превентивната активност беше реализирана на повеќе патни правци во и околу Неготино, а со цел зајакнување на сообраќајната дисциплина и подигнување на свеста кај возачите на мотоцикли како целна група на активноста, за задолжителното користење на заштитен шлем за време на управувањето со мотоцикл. Исто така, на возачите им беа делени и едукативни печатени материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини околу сообраќајните правила и прописи, пред се во врска со безбедносната одредба за користењето на заштитниот шлем, како и околу последиците и санкциите од непочитувањето на таа норма.