Денеска (07.06.2023) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола -Полициското одделение за безбедност на сообраќај при ОВР Ресен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Ресен реализираа превентивна активност под мотото „Вози одморен“.
Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сè со возачите, полициските службеници им укажуваа за важноста од внимателно возење и почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за потребата од одмор при подолготрајно возење, бидејќи токму заморот е еден од честите причинители на сообраќајни несреќи на патиштата. Исто така, на возачите им беа делени летоци со содржини од безбедноста на сообраќајот.
Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, вчера(06.06) спроведе едукативно предавање „Сообраќајна поука“ за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Исто така, вчера (06.06.2023) во Прилеп, полициски службеници спроведоа превентивна активност како дел од кампањата „Безбеден град -безбедна заедница". Притоа, полициски службеници од ОВР Прилеп имаа средби со граѓаните во месните заедници на подрачјето на Прилеп и разговараа за проблемите со кои се соочуваат, како и за изнаоѓање заеднички решенија за подобрување на безбедносната состојба во Прилеп.