06 јуни 2023

Превентивна активност на РЦГР- Исток


Вчера (05.06.) полициските службеници од Регионален центар за гранични работи - Исток и од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Деве Баир реализираа едукативна средба со ученици од средното општинско училиште “Ѓорче Петров“ -Крива Паланка на тема – “Превенција од трговија со луѓе“.
Едукативната средба се одржа во Центарот за култура -Крива Паланка, на која присуствуваа 250 ученици, како и професори од средното училиште. Притоа, преку едукативна презентација учениците беа информирани за основните поими поврзани со трговијата со луѓе, а посебно внимание беше посветено за начините за превенција од овој вид на криминал. Покрај ова, учениците имаа можност да погледаат наменски кусометражен филм со едукативен карактер.