Во текот на вчерашниот ден (31.05.) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево на повеќе локации во и околу градот Делчево спроведена е превентивна активност од областа на сообраќајот, а под мотото „Вози одговорно - стави појас“. Притоа, на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина во врска со важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи односно задолжителното користење на сигурносниот појас како една од клучните безбедносни мерки. Во непосредната комуникација на возачите им беше укажувано дека некористењето на сигурносниот појас претставува зголемен безбедносен ризик како за возачите, така и за сопатниците. Инаку, целта на активноста беше да се зголеми совесното и одговорно однесување на учесниците во сообраќајот согласно законските прописи.