31 мај 2023

Превентивни активности на СВР Скопје


Денеска (31.05.) Одделението за превенција при СВР Скопје, организираше едукативно превентивна активност во основното општинско училиште “Свети Климент Охридски“, на подрачјето на општина Бутел, каде што заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Чаир беше одржана работилница со учениците од шесто до деветто одделение од ова основно училиште. Притоа, во рамки на темата “булинг“, малтретирање и насилно однесување, преку соодветна видео презентација на учениците им беа појаснети причините, но и последиците од оваа појава меѓу врсниците, а стана збор и за начините на препознавање и превенција на ваквото девијатно поведение.
Вчера, пак, Одделението за превенција при СВР Скопје, согласно кампањата насловена како – “Незаконското сечење на дрва е криминал“ организираше и спроведе превентивно едукативна активност на подрачје на Полициското одделение Мирковци, поточно во селата Мирковци, Кучевиште и Побожје. На средбите со жителите од овие места беа презентирани низа информации за појавите на бесправна сеча на шумите и беше поделен едукативен материјал кој содржи информации и контакт телефон за анонимно пријавување на ваков вид на кривично дело.