Вчера (25.05.) на граничниот премин Деве Баир полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Исток реализираа средба со учениците од основите училишта oд селата Жидилово и Узем, општина Крива Паланка.
Полициските службеници ги запознаа учениците со улогата и секојдневната работа на полицијата, а особено внимание се посвети на едуцирање од областа на граничната работа. Притоа, децата беа запознати и со подрачјето на граничниот премин, со одредени одредби од Законот за гранична контрола кои се однесуваат на начинот и условите за преминување и обезбедување на државната граница, како и со одредени материјално технички средства кои се користат на граничниот премин.
Исто така, во рамки на едукативното предавање децата имаа можност да се информираат и за значењето и улогата на Граничната полиција во делот на контролата и обезбедувањето на државната граница и облиците на институционалната соработка со другите органи.