Денеска (22.05.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи -Свети Николе на автопатот А4 кај патарина – Преод, реализираа превентивни активности за возачите. Притоа, во рамки на превентивниот проект – “Не користи мобилен телефон додека возиш“, во непосредна комуникација со граѓаните, односно возачите, полициските службеници укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, како и за сериозните последици што може да ги предизвикува таквото однесување.
На возачите, исто така, им беше укажано за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а дополнително од страна на полициските службеници им беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.