Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Аеродром, денеска (18.05.2023) на подрачјето на надлежност на оваа организациона единица при СВР Скопје одржаа превентивно едукативни работилници во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“.
На темата „Врсничко насилство“ учениците од осмо и деветто одделение во двете основни училишта преку наменски подготвена видео презентација беа запознаени со сите основни факти за насилството меѓу младите, потоа со формите во кои што се манифестира, како и за последиците што со себе ги носи ваквото негативно поведение. Покрај ова, во рамки на работилниците, посебно внимание се посвети, преку непосреден разговор со децата, околу начините каде и како да се препознае насилството и кои се начините благовремено да се превенира и да се заштитат децата од последиците на оваа социо-девијантна појава.