18 мај 2023

„Заштита на шумите“ и „Превенција од шумски пожари“ – превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола при СВР Битола денеска (18.05.2023) на повеќе локации во и околу Битола спроведоа превентивна активност во рамките на кампањата за „Заштита на шумите“ и „Превенција од шумски пожари“, во пресрет на претстојната летна сезона.

Имено, полициските службеници во непосреден контакт и разговор со граѓаните укажуваа дека шумите се нашето богатство и ние мора да ги чуваме и заштитиме, а секое незаконско сечење на дрва е кривично дело кое има законски последици, па во таа смисла строгото почитување на законите претставува граѓанска обврска.

Исто така, поради летните периоди кои следат, за кои е карактеристично зголемување на температурите, како и поради пожарите предизвикани од натпросечно високи температури, полициските службеници укажуваа дека опасностите по шумскиот фонд мора да се минимизираат од страна на човечкиот фактор, особено во смисол на нелегалната сеча при која што може да дојде и до други несакани последици како што се шумските пожари.

Оттаму, во рамки на превентивните разговори се апелираше до граѓаните за потребата од внимателност и совесност, но и за потребата за благовремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на превенцијата од штетите и последиците од сечење на шумите и шумските пожари. На граѓаните им беа поделени и едукативни печатени материјали со едукативна содржини изработени во соработка со Национални шуми и Шумска полиција.