Денеска (17.05.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција заедно со сообраќајна полиција при СВР Куманово, во Куманово реализираа превентивна активност под мотото „Вистинските мотоциклисти возат одговорно и секогаш носат кацига“.
Притоа, на повеќе локации во и околу градот во непосредна комуникација со граѓаните-возачи на моторцикли од страна на полициските службеници им беше укажувано за важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, а превенствено заради нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Воедно во рамки на акцијата на возачите им беа делени и печатени едукативни летоци изработени со подршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за законските мерки и прописи по однос на овие безбедносни одредби.