Денеска (16.05.2023) полициски службеници при ОВР Свети Николе реализираа превентивно едукативнa работилница во гимназијата „Кочо Рацин“ во Свети Николе, на тема „Улогата на полицијата во демократското општество“.
Притоа, полициските службеници со соодветна видео презентација ги запознаа учениците со обврските и надлежностите на полицијата, особено во контекст на заштитата на човековите права и слободи, нејзината улога во локалната заедница и концептот – Полицијата сервис на граѓаните, а оттаму и за нејзината превентивна улога како важен чинител во сите кампањски и превентивни активности фокусирани на едукација, информирање, превенција на сите возрасни групи граѓани од различни области на спроведувањето на законите.
Исто така, денеска и од страна на полициски службеници од полициското одделение за БПС Кочани, на неколку локации во Кочани беше спроведена превентивна активност под мотото – „Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот“
За време на превентивната посебно внимание се посвети на возачите кои управуват мотоцикли, мопеди, велосипеди и електрични тротинети. Основна цел на акцијата беше подигање на свест кај учесниците во сообраќај од овие категории на превозни средства за почитување на сообраќајните правила и прописи, пред сѐ од аспект на користење заштитна безбедносна опрема – шлем, односно кацига. Воедно, за време на активноста на возачите и граѓаните им беа поделени и информативни летоци изготвени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Покрај ова, на подрачјето на надлежност на СВР Штип денеска и во Делчево полициски службеници од ОВР Делчево реализираа превентивна активност во средното општинско училиште „Методија Митевски Брицо“ со едукативно предавање на тема – „Безбедни матурски прослави“. На предавањето реализирано со учениците матуранти им беа презентирани сообраќајните правила и прописи, им беа појаснети одговорностите, мерките и последиците од непочитувањето на законските правила и прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, а во врска со претстојните матурски прослави. Посебно внимание беше посветено на проблематиката со консумирање алкохол и управувањето со моторни возила за време на матурските прослави.