Денеска (16.05.2023) во спортската сала на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка од страна на полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка беше одржана превентивна активност со учениците од четврта година од ова средно училиште.
На едукативното предавање посветено на темата околу безбедни матурски прослави, односно мотото „На матура без автомобил, алкохол и психотропни супстанци“, учениците-матуранти беа запознаени со неопходноста од одговорно однесување, потоа за мерките и последиците од непочитување на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, а се со цел прославите да минат безбедно и мирно пред се во интерес на младите.