15 мај 2023

Едукативно-превентивни работилници пред штипските матуранти за „Безбедни матурски прослави“

 

Денеска (15.05.2023) Отсекот за превенција при СВР Штип во соработка со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип организираа едукативно-превентивни работилници во штипското средно училиштe „Славчо Стојменски“, а во рамки на кампањата за „Безбедни матурски прослави“.

Притоа, на работилницата наменета за учениците од четврта година, односно матурантите, полициските службеници ги запознаа учениците со одговорностите, како и со мерките и последиците од непочитувањето на законските правила и прописи, пред сѐ од областа на сообраќајот и на јавниот ред и мир. Посебно внимание беше посветено на консумирањето алкохол и управувањето со моторни возила за време на матурските прослави.