Денеска (12.05.) во Куманово од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, а во соработка со Сектор за образование од општина Куманово и претставник од сообраќајниот испитен центар “Топ Драјвер“ беше одржана трибина со матурантите од средното општинско училиште “Перо Наков“ и гимназијата “Гоце Делчев“ од Куманово.
На трибината посветена на темата околу безбедно одбележување на матурските прослави, а под мотото – “На матура без автомобил, алкохол и психотропни супстанци“, матурантите беа запознати со неопходноста од одговорно однесување, потоа за мерките и последиците од непочитување на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, а се со цел прославите да минат безбедно и мирно пред се во интерес на младите.