Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (11.05.) заедно со ученици од основното училиште “Коле Канински“ од Битола го одбележаа 11 Мај -Денот на културата во сообраќајот.
На учениците им беше укажано дека сообраќајната култура има суштинско значење и претставува начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока на исполнување на општите и заеднички интереси на сите учесници во сообраќајот. Односно во интерес на непреченото и безбедно одвивање на сообраќајот.
Тие го посетија и најблискиот железнички премин и на возачите на автомобили, на мопеди и на велосипедистите им беше делен едукативен материјал со укажувања за почитување на сообраќајните правила и прописи. СВР Битола и РСБСП посебно внимание посветуваат на најмладите со цел уште од мали нозе да се изгради едно повисоко ниво на култура и етика во сообраќајот.