10 мај 2023

Превентивни активности на СВР Струмица

Денеска (10.05.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, при СВР Струмица, во средното општинско училиште “Коста Сусунов“ во Радовиш одржаа едукативно предавање за учениците матуранти од четврта година, од ова средно училиште. Притоа, а во пресрет на претстојните матурски прослави, полициските службеници ги запознаа матурантите со одговорностите, како и со мерките и последиците од непочитување на законските правила и прописи како од областа на сообраќајот, така и од областа на јавниот ред и мир.

Покрај ова, во текот на вчерашниот ден (09.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица спроведоа превентивни активности со учениците од шесто и деветто одделение од основното општинско училиште “Гоце Делчев“ во село Босилово, струмичко на кои им беше презентирана темата – “Превенција и заштита од врсничко насилство“. Во рамки на предавањето особено внимание беше посветено на начините на препознавање и спречување на врсничко насилство.