Денеска (08.05.) полициски службеници од ОВР Свети Николе при СВР Штип во гимназијата „Кочо Рацин“ во Свети Николе одржаа едукативно предавање за учениците матуранти од четврта година, а на тема „Среќни и безбедни матурски вечери“.
Поентите во рамки на едукативното предавања беа најмногу фокусирани на делот од областа сообраќајот, кој што ги тангира возачите почетници, при што учениците беа запознаени со низа важни сообраќајни правила и прописи особено во поглед на конзумирањето на алкохол, прилагодувањето на брзината на условите на патот и слично. Исто така, на предавањето стана збор и заштитата на јавниот ред и мир, односно почитувањето на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Главната цел беше да се влијае врз подигање на степенот на сообраќајната култура кај младите како учесници во сообраќајот, како и да се влијае врз градењето на примерно поведение особено во период на траење на прославите, а сѐ со цел поголема безбедност, како на учениците, така и на останатите учесници во сообраќајот.
Исто така, денеска по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај во посета на ОВР Свети Николе беа и децата од ЈОУДГ „Рахилка Гонева“ од Свети Николе. Притоа, децата имаа можност да се дружат со полициските службеници и да се запознаат со улогата и задачите на полициските службеници, како и со основните средства за работа на полицијата.