Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица денеска (05.05.) спроведоа превентивни активности со ученици од основните општински училиште “Борис Трајковски“ во село Моноспитово и “Сандо Масев“ во Струмица. Во рамки на едукативните предавања на учениците од прво до деветто одделение од ООУ “Борис Трајковски“ им беше презентирана темата – “Превенција и заштита од врсничко насилство“ при што полициските службеници и учениците разговараа не само за начините на препознавање, туку и за можностите за рано предупредување и спречување на врсничко насилство. Учениците, пак, од второ одделение од ООУ “Сандо Масев“ од Струмица беа запознаени со сообраќајните правила и прописи и потребата за нивно почитување, пред се заради нивна лична безбедност, но и за безбедност на сите учесници во сообраќајот.