Денеска (04.05.2023) Отсекот за превенција при СВР Велес на патниот правец Кавадарци – село Росоман спроведе сообраќајно-едукативна акција во поглед на безбедноста при возење „Стави појас“, при што на возачите им беа делени печатени информативни материјали изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со едукативна содржина за значењето на користењето на заштитен појас при управување со возило.
Воедно денеска, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во основното општинско училиште „Блаже Конески“ во Велес спроведе сообраќајно едукативна работилница со учениците од третите и четвртите одделенија а на тема „Безбедност на најмалите во сообраќајот“. Во рамки на работилницата на учениците им беа презентирани основните сообраќајни правилата и прописите при преминување на крстосница, потоа за значењето на сообраќајните знаци и светлосно сигналните уреди.
Исто така, и во средното училиште „Јовче Петличков“ во Велес беше реализирана едукативна работилница, со учениците од четврта година-матуранти, на истата тема а поврзано со претстојните матурски прослави, односно избегнувањето на користење на алкохол при возење, и воопшто за ризиците од управување со возила за време на матурските прослави, како и за доследно почитување на одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.