03 мај 2023

Во Крушево превентивна активност „Вози одговорно - стави појас“, во Прилеп едукативна работилница за ученици за „Спречување на девијантни појави“

Денеска (03.05.2023) полициски службеници при ОВР Крушево во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност од кампањата „Вози одговорно - стави појас“. Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Крушево, при што полициските службеници, преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот, укажуваа на обврската за користење на појас при патување, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законски пропишана норма.
Исто така, од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за подобрување на својата лична, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Покрај ова, денеска во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп во Основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп одржаа едукативна работилница со учениците на тема „Спречување на девијантни појави“. Во рамки на работилницата од страна на полициските службеници учениците беа запознати со формите и начините на препознавање и превенирање на таквите појави и негативно поведение. Исто така, стана збор и за превенција од зависности, односно од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари. На учениците им беше презентиран видео материјал и им беше поделен информативен материјал.