Денеска (02.05.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе, при СВР Штип, во основното општинско училиште „Даме Груев“ во село Ерџелија, светиниколско, реализираа едукативна работилница со учениците од ова училиште, посветена на “сајбер булинг“. На учениците од страна на полициските службеници, преку наменски подготвено предавање, збогатено и со практични полициски искуства, им беа презентирани начините на препознавање и превенирање на оваа социо-патолошка појава на сајбер насилие и малтретирање а која што, доколку навремено не се реагира и превенира, може да има и крајно штетни последици по младите.