Полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Свети Николе, во соработка со локалниот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при општина Свети Николе денеска (28.04.), во централното градско подрачје реализираа превентивна активност под мотото – “И јас и ти сме пешаци“.
Целта на превентивната активност беше зголемување на безбедноста во сообраќајот, фокусирана кон сите учесници во сообраќајот, со посебно внимание кон пешаците ( особено повозрасните граѓани и децата). Притоа, на граѓаните им беа делени едукативно-информативни печатени материјали изработени со поддршка од РСБСП, а воедно и им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи заради намалување на ризиците од сообраќајни несреќи, односно зголемување на безбедноста во сообраќајот.