28 април 2023

И јас и ти сме пешаци“- превентнтивна активност на СВР Велес и РСБСП


Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската станица од општа надлежност Велес во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска (28.04.) во Велес реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот под мотото - “И јас и ти сме пешаци“.
Целта на превентивната активност беше зголемување на безбедноста на сообраќајот, со посебен акцент кон пешаците. Притоа, на граѓаните им беа делени едукативно информативни печатени материјали, изработени со поддршка од РСБСП.