Вчера (25.04.) во просториите на СВР Велес, Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од ПС за БПС Велес, реализираа едукативна средба со учениците од второ одделение од ООУ “Панко Брашнаров“ од Велес, а на темата - “Да ги заштиме децата во сообраќајот“.
На учениците им беа објаснети сообраќајните правила и прописи - движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин, значење и функционирање на светлосно сигналните уреди и сообраќајни знаци, а потоа учениците беа запознаени со полициската работа. Притоа, беше презентиран дел од опремата која ја користи полицијата во секојдневното работење.
Исто така, вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата -Кавадарци, како и Црвен крст од Кавадарци реализираа едукативна работилница на тема “Безбедна прослава на матурските вечери“ со учениците-матуранти од четврта година од гимназијата “Добри Даскалов“ во Кавадарци. Во рамки на работилницата на која учествуваа 60- тина ученици од оваа гимназија, тие преку видео презентација беа запознати со штетноста, но и казнивоста на девијантното однесување, особено во поглед на нарушувањето на јавниот ред и мир, непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и слично. Покрај едукативното предавање, на учениците им беа поделени и печатени материјали со соодветни информативно-едукативни пораки во врска со безбедното прославување на матурските вечери.