25 април 2023

ОВР Македонски Брод со превентивна активност во рамки на кампањата „Заедница, доверба, сигурност и одговорност“

Полициски службеници од полициската станица и од полициското одделение за безбедност на сообраќајот при Одделението за внатрешни работи Македонски Брод, вчера (24.04.2023) реализираа превентивна активност во рамките на кампањата на МВР фокусирана на граѓаните насловена како „Заедница, доверба, сигурност и одговорност“.
Овој пат превентивно-едукативната активност се спроведе со жителите на општина Пласница. Притоа, граѓаните беа запознати со областите од нивен интерес, односно информации за рано препознавање на појави од областа на имотните деликти, потоа за проблематиката на сообраќајната безбедност, превенција од пожари и слично.
Во разговорите беше посебно нагласена потребата од функционирање на локалните совети за превенција, како во поглед на координацијата во делувањето, така и во поглед на благовремено детектирање на појавите и нивно елиминирање во самиот зародиш. Исто така, беа поделени и печатени материјали со низа информации за едукација на граѓаните и за важноста од комуникација и соработка со полицијата.