24 април 2023

ОВР Делчево реализираше превентивна активност од областа на сообраќајот за важноста од задолжително користење на сигурносниот појас при возење

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево денеска (24.04.2023) спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот, а под мото – „Вози одговорно - стави појас“.

На повеќе локаци во градот и во околината на Делчево на возачите учесници во сообраќајот, покрај укажувањата низ непосредни средби, им беа поделени едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП, во врска со важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи, а особено за важноста на безбедносната мерка за задолжително користење на сигурносниот појас при возење.

Инаку, во непосреден разговор на возачите им беше појаснето дека некористењето на сигурносниот појас е опасна закана по безбедноста на возачите и патниците. Целта на активноста беше насочена кон зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.