Денеска (15.04.2023) на наплатната рампа Глумово, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност во рамки на кампањата “Не заборавај - Стави појас“. Притоа, во непосредна комуникација со возачите беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на задолжително користење на сигурносен појас додека се управува моторно возило, чие што непочитување повлекува санкции.
Воедно, на возачите им беше поделен едукативен и друг материјал подготвен од страна на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.