15 април 2023

"МВР за граѓаните" - заедниџа, доверба, одговорност, превентивна активност на ОВР Гостивар

 

Денеска (15 април) во Гостивар полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар продолжија со активностите од кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат за јакнење на довербата помеѓу полицијата и заедницата.


Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар на градскиот плоштад и пред Центарот за култура "АСНОМ" во Гостивар реализираа превентивно-информативна активност како содржински дел од кампањата за јакнење, продлабочување и надградување на довербата на полицијата и граѓаните, базирана на одговорност и ефикасен двонасочен партнерски однос.На граѓаните им се делеа летоци со пригодни информации за принципите на полициското работење во заедницата, за главните професионални цели на полицијата и за формите и начините за контрола на нејзиното работење во заедницата.Граѓаните, пак, прашуваа и добија повеќе одговори за нивни сервисни и други потреби поврзани со полициското работење, но и за конкретни безбедносни настани и појави на подрачјето.


Вакви и слични активности ќе следат и во наредниот период во функција на ефикасно детектирање и справување со сите безбедносни предизвици во заедницата.