Денеска (15.04.2023) полициски службеници од ПС ОН Берово и Отсекот за превенција при СВР Штип спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.
При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полициското работење, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните. Соработката меѓу полицијата и локалното население е важна за идентификување на проблемите, поставување на приоритети и решавање на современите предизвици на локалната заедница. На присутните им беа презентирани и опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење. Планската соработка придонесува за спречување на криминалот, а резултатот е зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење.