Денеска (15.04.2023) на градскиот плоштад во Гевгелија полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и ОВР Гевгелија ја реализираа кампањата „МВР за граѓаните - заедница, доверба и одговорност“. При реализирање на кампањата беа поделени летоци со едукативна содржина, а преку презентирање на дел од опремата која ја користат полициските службеници на присутните им беа објаснети принципите на полициско работење и начините на градење меѓусебна соработка помеѓу полицијата и заедницата, која е една од целите на оваа кампања.
Граѓаните го покажаа својот интерес поставувајќи им прашања на присутните полициски службеници, поврзани со сервисните услуги што им ги нуди МВР, на што добија и конкретни одговори.
И денес во Гевгелија полициските службеници покажаа дека главен приоритет е градење полиција која ќе биде видлива и која тежнее уште повеќе да се доближи до граѓаните и со меѓусебна доверба и соработка да се зголеми безбедноста, која е од заеднички интерес за сите.