14 април 2023
Превентивна активност на ОВР Македонски Брод
Денеска 14.04.2023 година од страна на полициски службеници од ПС и ПО за БПС при ОВР-Македонски Брод, спроведена е превентивна активност во рамките на кампањата "Полицијата за граѓаните -заедницата,доверба и одговорност". Превентивната активност се спроведе на градскиот плоштад во Македонски Брод каде беа презентирани повеќе средства со кои работи полицијата и поделени се флаери со едукативна содржина .