Денеска ( 13.04.2023) полициски службеници од РЦ за ГР спроведоа превентивна активност на тема "штети од илегална миграција и криумчарење мигранти". Активноста беше спроведена преку остварување средби со граѓани од населените места Градско, Војпанци, Бистранци и Миравци, како и на ГП Богородица.
На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина, а беа потенцирани можните штети од неконтролирано управување со моторни возила при транспорт на мигранти, можните последици по животот и здравјето на криумчарените лица и останатите учесници во сообраќајот, како и другите ппоследици од ваквите кривични дела.