13 април 2023

Ученици во посета на ПСГП Меѓународен аеродром Скопје

Вчера (12.04) ученици од деветто одделение од скопското основно општинско училиште “Александар Македонски“ на Меѓународниот аеродром Скопје ја посетија Полициската станица за Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје. Притоа, на средбата, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и од полициската станица ги запознаа учениците со основните задачи и улога на оваа организациона единица и на полициските службеници во истата.

Воедно учениците беа запознати и со канцеларијата на ФРОНТЕКС, а потоа во придружба на полициските службеници беше направена обиколка на објектот на аеродромот.