Денеска (13.04.) под мотото “Празнувај, почитувај-биди безбеден“ полициски службеници од СВР Куманово на повеќе локации околу и во градот Куманово реализираа превентивна активност во насока на подигање на јавната свест за одговорно и совесно учество во сообраќајот.
Тргнувајќи од целта на превентивната активност за зголемување на безбедноста во сообраќајот за време на празничните денови и спречување на прекршоци и кривични дела, полициските службеници им укажуваа на возачите за внимателно и одговорно возење, за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така на возачите им беа делени и едукативно-информативни летоци изработени во соработка и со поддршка од РСБСП.