12 април 2023

И јас и ти сме пешаци!, превентивна активност на СВР Скопје и РСБСП

Во рамки на континуираните превентивни активности на СВР Скопје, денеска (12.04.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Центар реализираа превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајот.

Под мотото “И јас и ти сме пешаци“ во непосредна комуникација со граѓаните полициските службеници укажуваа на почитувањето на сообраќајните правила и прописи пред се во делот на сообраќајната сигнализација, прописното паркирање, прилагодената брзина на движење на возилата. Исто така, на возачите им беа делени и едукативни печатени материјали изработени со поддршка од страна на РСБСП, а со информации поврзани со прописите и казнените одредби. Целта на акцијата беше фокусирана на подигање на јавната свест и нивото на сообраќајната култура кај возачите, но и кај пешаците како најголема група учесници во сообраќајот а во насока на поголема нивна безбедност .