11 април 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Гази Баба денеска (11.04.) во средното скопско училиште “Панче Арсовски“ реализираа две едукативно-превентивни работилници за учениците од ова средно училиште на тема – “говор на омраза“.

На работилниците, како дел од годишната програма за превенција при СВР Скопје, полициските службеници ги запознаа средношколците со значењето на поимот - говор на омраза, за последиците што може да се продуцираат од оваа девијантна појава, а најмногу време се посвети на препознавањето и начините за превенција на говорот од омраза особено во училишните средини.