11 април 2023

Превентивни активности на СВР Штип

Во рамките на континуираните превентивни активности на Отсекот за превенција при СВР Штип, како дел од годишната програма за превенција на подрачјето на СВР Штип, вчера на (10.04.), во средното општинско училиште “Славчо Стојменски“ во Штип беше реализирана едукативна работилница посветена на темата – “Да ги заштитиме младите од дрогата“.

Притоа, врз основа на практични полициски искуства и стручни информации од областа на зависностите од дроги и психотропни супстанци, средношколците беа запознати со штетните последици по здравјето, но и за законските последици. Исто така, вториот дел од работилницата беше искористен во насока на градење на партнерство со полицијата особено важно за препознавање и благовремено превенирање на овие појави, кое треба да се базира на доверба помеѓу полицијата и младите.