Полициски службеници од Отсекот за превенција и Одделението за внатрешни работи Ресен при СВР Битола денеска (10.04.) во Ресен одржаа едукативни предавања на темите – “злоупотреба на наркотични дроги“ и “внимателно користење и ризици од социјалните мрежи“ за ученици од основното училиште “Гоце Делчев“. Притоа на учениците од осмо и деветто одделение од ова основно училиште им беа презентирани сите суштински информации околу ризиците од користење на социјалните мрежи, како и околу последиците од злоупотребите на наркотичните дроги и како ваквите појави да се препознаат и навремено превенираат во интерес на заштита на децата.
Исто така и во општина Новаци, односно во тамошното основно училиште “Славко Лумбарко“ полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и Отсекот за превенција при СВР Битола денеска реализираа едукативно-превентивна работилница посветена на превентивниот проект – “Превенција од врсничко насилство“ а воедно се говореше и за темата од областа на сообраќајот насловена како – “Внимателно управување на мопеди и електрични тротинети“. Притоа преку сообразен концепт на презентација согласно возраста на учениците тие се информираат за законските обврски кои ги имаат при управување на мопеди, а во вториот дел од работилницата беа запознаени со проблематиката на врсничкото наслество со нагласок на потребата за меѓусебно почитување и толеранција, за елиминирање на говорот на омраза и надминување на разните видови предрасуди и стереотипи.