08 април 2023

„МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“ презентирана во скопската општина Аеродром

Денеска (08.04.2023) во скопската општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје спроведоа активност во рамки на заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните- заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот - полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Во рамките на проектот, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и од ПСОН Аеродром на граѓаните им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентираа улогата на полицијата во заедницата, задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството која го гарантира редот, мирот, владеењето на законите. На присутните им беа презентирани и опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.