07 април 2023

Превентивна активност на СВР Велес


Денеска (07.04.) ученици од средното стручно општинско училиште “Коле Неделковски“ го посетија Секторот за внатрешни работи Велес, каде што преку едукативни активности и презентација на дел од опремата и материјално-техничките средства со кои располага полицијата, имаа можност да се запознаат со местото, улогата и законските надлежности и обврски на полицијата.

Воедно, полициски службеници од Отсекот за превенција и од полициските станици од општа надлежност Велес и за безбедност на патиштата Велес, на средношколците им презентираа низа за нив важни информации од областа на сообраќајот и сообраќајната безбедност. Притоа посебно внимание се посвети на запознавањето со сообраќајни правила и прописи за учениците како активни учесници во сообраќајот во својство на пешаци, како корисници на велосипеди, електрочни тротинети, мопеди, но и како и возачи почетници.