07 април 2023

“Вози одговорно - стави појас“, превентивна активност на ОВР Ресен и РСБСП за побезбеден сообраќај

Денеска (07.04. ) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност во рамки на кампањата – “Вози одговорно - стави појас“.

Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу градот Ресен, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за користење на сигурносниот појас при патување, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законски пропишана норма.

Исто така, од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а се со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за подобрување на својата лична, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.