Денеска (06.04. ) полициски службеници при ОВР Свети Николе во соработка со локалниот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата при општина Свети Николе, реализираа превентивна активност од кампањата - “Вози одговорно - стави појас“. Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Свети Николе, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за користење на појас при патување, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законски пропишана норма.
Исто така, од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а се со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за подобрување на својата лична, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.