04 април 2023

Превентивна активност на СВР Велес и РСБСП за побезбеден сообраќај

Денеска (04.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес на регионалниот пат Кавадарци-Неготино реализираа заедничка превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајот.

Притоа, во рамки на превентивната акција “Стави појас при управување со возило“ во разговор со возачите беше укажувано за важноста од почитување на сообраќајните безбедносни мерки и прописи, односно задолжителното користење на сигурносните појаси. Воедно, на возачите им беа делени и печатени едукативни материјали изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со содржини за неопходноста од прочитување на сообраќајните правила и прописи во делот на безбедносни мерки, а во интерес на нивната лична безбедност.