01 април 2023

"МВР за граѓаните" претставено пред жителите на Гостивар

Кампањата за јакнење на довербата помеѓу полицијата и заедницата денеска (01.04.2023) со конкретни активности и во Гостивар.

Во рамките на оваа кампања, чии носители се МВР, Македонскиот полициски синдикат и СВР Тетово на градскиот плоштад во Гостивар беше организирана превентивно-информативна активност.На граѓаните им се делеа наменски изработени летоци, a низ непосредни разговори со нив тие поблиску беа информирани за принципите на полициското работење како круцијално значајно за воспоставување на ефикасен двонасочен партнерски однос фундиран на доверба и навремено детектирање и справување со криминалот во заедницата, а во функција на поголема безбедност и поквалитетен живот на граѓаните.

Граѓаните во Гостивар, исто така, се информираа и за главните цели на полициското работење, за практичните активности реализирани во заедницата, иницирани и координирани со локалните совети за превенција и советодавните групи на граѓани, како и за бројните услуги што им ги нуди МВaР, како нивен сервис.Вакви активности минатиот викенд беа организирани и во Тетово, кога всушност и стартуваше кампањата во осумте Сектори за внатрешни работи во нашата земја.