Одделението за превенција при СВР Скопје продолжувајќи со предвидените превентивни активности и денеска реализираше повеќе едукативни работилници во основни училишта, како и средби со граѓани поврзани со разни области на полициското работење.
Така, заедно со полициски службеници од ПСОН Ѓорче Петров реализирана беше едукативна работилница со ученици од основното училиште “Мирче Ацев“ на темата за зависностите и превенција од истие. Учениците преку видео презентација беа запознати со разните форми на зависност, а поголемиот дел од плански подготвеното предавање беше посветен за начините на препознавање и спротивставување на зависностите во училишните средини или надвор од нив, како и околу начините за превенција и заштита. При што примарно место завзема точното информирање и соодветна едукација.
Исто така, денеска полициски службеници од Одделенето за превенција заедно со полициски службеници од ОБПС при СВР Скопје организираа и спроведоа едукативно превентивни работилници од областа на сообраќајот, во основните училишта “Васил Главинов“ (на подрачјето на ПСОН Бит Пазар), потоа во “Кочо Рацин“ (на подрачје на ПО Петровец) и во “Круме Кепевски“ (на подрачје на ПСОН Кисела Вода).
На работилниците учениците од училишните Клубови за превенција, формирани од ученици од седмите, осмите и деветтите одделенија, во рамки на превентивната кампања “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“,беа запознати и информирани со основните начела на сообраќајната култура, совесност и одговорност во почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Притоа особено беше нагласено дека навременото информирање и едуцирање не само по однос на суштината на правилата и прописите туку и по однос на нивното стриткно применување се најдобриот начин за превенција и заштита на децата во сообраќајот.
Покрај ова, денеска во просториите на Здружението на пензионери “Солидарност“ на подрачјето на општина Аеродром се организираше и спроведе едукативно превентивна активност на тема – “Превенција од имотни деликти“, при што за граѓаните, пред се за пензионерите беа посочени начините за благовремено детектирање и спречување на имотните деликти, оосбено кражбите, разбојништвата и измамите, а во тесна комуникација и соработка со полицијата. На подрачјето пак на општина Ѓорче Петров, во соработка со РСБСП беше реализирана превентивна активности од областа на сообраќајот под мотото “Не заборавај - Стави појас“. Во рамки на оваа активности на граѓаните, односно на возачите им беа делени едукативни печатени материјал, изработени со поддршка на РСБСП со информативни пораки околу важноста од придржувањето кон безбедносната мерка за задолжително носење на сигурносен појас при возење.