Вчера (29.03.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија при СВР Струмица, заедно со претставник на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гевгелија спроведоа превентивна активност на тема “безбедно од училиштето до дома“ со ученици од петто и шесто одделение од Основното општински училиште “Петар Масев“ во Богданци.
Целта на оваа превентивна работилница беше подобро запознавање и информирање на учениците со основните сообраќајни правила и прописи, особено важни за децата како учесници во сообраќајот, и потребата за почитување на истите, а пред се заради нивна лична безбедност.