29 март 2023

Превентивна активност на ОВР Виница


Денеска (29.03.) во Виница полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Виница, во средното општинско училиште “Ванчо Прќе“- реализираа едукативно преветнивно предавање поврзана со појавата “булинг“ меѓу младите. На предавањето реализирано со ученици од третата година од ова средно училиште, средношколците беа запознати со феноменот на булингот како социо-патолошка појава, со формите и начините на манифестирање, како и за последиците што можат да настанат од ова девијатно однесување.

Истовремено се говореше и за начините како да се препознае и како да се превенира вербалното, физичкото и сајбер малтретирање, односно таканаречениот “булинг“.