29 март 2023

Превентивни активности на СВР Битола за побезбеден сообраќај

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и Отсекот за превенција при СВР Битола, денеска (29.03.) продолжија со превентивните активности од областа на сообраќајот, наменети за учениците од основните училишта.

Така денеска (29.03) во основното училиште “Кирил и Методиј“ во Битола се реализираше едукативна превентивна работилница со ученици од осмото и деветтото одделение од ова основно училиште, и притоа посебно внимание се посвети на сообраќајните правила и прописите при управување на мопед.

Во тек на работилницата полициските службеници запознавајќи ги учениците околу сообраќајните правила и прописи, фокусот на предавањето го насочија околу совесното и прописно управување со моторцикли, електрични тротинети, велосипеди, што младите најчесто ги користат во сообраќајот.